Лавови од Ѓорче Петров ќе го нападнат бастионот на Скопје во Автокоманда

Скопје и Македонија Ѓорче Петров денеска од 13 часот ќе играат во премиерниот натпревар од 14. коло во Првата македонска лига, што ќе означи и кам-бек на прволигашката сцена по паузата поради квалификациските мечеви за Мундијалот во Катар.

Скопското дерби е многу интересно, бидејќи двете екипи се една до друга на табелата и бодовите се исклучителноважни за да се побегне од опасната зона.

Адут на Скопје е Автокоманда, фудбалски бастион што тешко се освојува, а тоа сезонава на шест меча му успеа само на шампионот Шкендија.

Популарните Лавови од Ѓорче Петров играат лошо на гости и дури на последното гостување со победа против Пелистер прекинаа црна серија од пет порази по ред.

Денеска според коефициентите се фаворити и за нивна победа Sport Life нуди квота од 2.26. За триумф на домаќините коефициентот е 3.00, исто како и за нерешен исход.

Утре од 13 часот ќе се играат преостанатите пет дуели од 14. коло во домашното првенство.

Двојки, сабота, 13 часот: Скопје – Македонија Ѓ.П.

Недела, 13 часот: Академија Пандев – Тиквеш, Шкендија – Брегалница, Струга – Работнички, Шкупи – Пелистер, Борец – Ренова.

Табела: Шкупи 29, Академија Пандев 25, Ренова и Брегалница по 22, Шкендија 21, Струга 19, Работнички 18, Македонија Ѓ.П. 17, Скопје 16, Тиквеш 10, Борец 8, Пелистер 4 бода. 

 

- Оглас -

Најнови вести