Пелистер го „урна“ Работнички и покажа шампионски карактер

Екипата на Пелистер славеше со 88:84 во големото дерби против Работнички во рамките на осмото коло од првата кошаркарска лига на Македонија.

Битолчани беа во водество во сите четвртини и покажаа шампионски карактер во обидот да го симнат МЗТ од тронот.

Пол Џексон од гостинскиот тим беше најефикасен со 28 поени, но, импонираше тимската игра кај Пелистерци каде што дури девет играчи се запишаа во листата на стрелците, а тројца од нив беа и двоцифрени.

Со оваа победа, Пелистер остана перфектен на табелата со осум победи од исто толку одиграни средби.

 

- Оглас -

Најнови вести