1010 Тотенхем – Лидс (17:30 ч.)
Традицијата е едноставна и вели дека на овој меч треба да има голови. На 11 од последните 13 меѓусебни дуели имало три или повеќе погодоци. Сепак, Тотенхем сезонава го има вториот најслаб напад со само девет погодоци во 11 средби, а и Лидс не е ништо подобар.
Во последните 10 меча на овие два тима, Тотенхем има шест победи, две нерешени и само два порази.
Предлог тип: 1Х&2-4 (1.83)
3008 Џенова – Рома (20:45 ч.)
Џенова нареди девет кола без победа па затоа го смени тренерот. На клупата дојде легендарниот Андриј Шевченко, кој дебито ќе го има против Рома на Жозе Мурињо. И Волчицата не е во добра форма и во последните седум средби има само една победа.
Одбраната на двете екипи е слаба, а традицијата вели дека на осум од последните девет меѓусебни дуели, двете екипи постигнувале најмалку по еден погодок.
Предлог тип: ГГ3+ (2.01)
1307 Гранада – Реал Мадрид (16:15 ч.)
Реал Мадрид со победа ќе избие на првото место на табелата, а Гранада е противник по мерка. Кралевите имаат 12 победи по ред со овој ривал, а дури шест пати постигнувале барем по четири погодоци.
Гостите немаат проблеми со првиот тим, па се очекува лесно да стигнат до нови три бода.
Предлог тип: 2-2 (2.24)
1808 Фрајбург – Ајнтрахт (15:30 ч.)
Фрајбург е најпријатното изенадување во Бундеслигата и со победа ќе дојде само на три бода од лидерот Баерн Минхен. На домашен терен сезонава има три победи и две нерешени без пораз.
Ајнтрахт секогаш знае да биде незгоден ривал кој игра отворено, а сезонава е стручњак за нерешени и има шест реми во 11 кола. Фактот дека тешко губи е најава за неизвесен дуел.
Предлог тип: 1+ I & 1+ II (2.45)
1637 РКЦ Валвијк – Ајакс (16:45 ч.)
Ајакс во 12 меча даде дури 37 гола во првенството, а прими само два, но сепак, на последните два меча гигантот од Амстердам одигра без голови, па ја загуби лидерската позиција.
Во последните 25 меча на овие две екипи, Ајакс има 23 победи и само две нерешени, а добар дел од тие победи се убедливи.
Предлог тип: 4+ (1.83)