Пандев: Мурињо ми ја промени перспективата во животот и ми се јави веднаш чим објавив репрезентативна пензија

Горан Пандев вечерва Ќе игра против Жозе Мурињо за прв пат во својата париера, по 2010 година.

Поранешниот македонски репрезентативец и португалскиот тренер беа дел од Интер од шампионската година кога италијанскиот тим ја освои популарната триплета.

Гоче по повод вечерашниот меч против Рома, каде што тренер е токму Мурињо, говореше за италијанските медиуми.

Воедно, Гоче кажа дека и дефинитивно ова му е последна сезона како фудбалер.

„Жозе ми ја промени перспективата во животот. Кога бев во Лацио, односно кога не играв, ми се јави да дојдам во Интер.

Едноставно, тој е тренер кој што го вади најдоброто од тебе, како играч и како човек. Ми се јави по последниот мој меч за Македонија и честиташе за сите успеси што ги имам направено.

Не очекував да дојде во Рома, но, кога веќе е тука мој совет е раководството да му остави сам да раководи со трансфер пазарот, а играчите да го слушаат. Верувајте дека така ќе дојдат успесите.

Ова е моја последна сезона како фудбалер и ќе биде трагично ако кариерата ја завршам пред празни трибини поради пандемијата. Навивачите на Џенова се неверојатни“ изјави Пандев.

- Оглас -

Најнови вести