На денешен ден се случи еден од најбизарните моменти во историјата на Ел Класико

Дуелите меѓу Реал Мадрид и Барселoна изобилуваат со богата историја и со навистина прекрасни моменти.

Но, на денешен ден пред 19 години се случи еден од најбизарните моменти во историјата на Ел Класико.

На мечот кој се играше на 23 ноември 2002 година, кога Барселона го дочека големиот ривал на „Камп ноу“, на теренот „долета“ глава од свиња.

Таа беше упатена кон Луис Фиго, кој две години претходно ја напушти Барселона и замина во Реал Мадрид, а трансферот изнесуваше тогашни неверојатни 62 милиони евра.

Португалецот тргна да го изведе корнерот, а некој од навивачите на оригинален начин го искажа своето мислење за неговото заминување.

- Оглас -

Најнови вести