Хабиб Нурмагомедов ја заврши кариерата со перфектен биланс од 30 победи во 30 меча и влезе во историјата на ММА борбите како еден од најдобрите на сите времиња. Дагестанецот откри дека од сите противници што ги имал, најтешко му било кога се борел против Џастин Гејџи, кој имал многу силен удар.
„Џастин Гејџи удира како камион. Никој никогаш во животот толку силно ме нема удирано. Лево кроше, десно кроше, десен аперкат. Постојано удира, но јас и тоа го сакав за да можам да го изморам и потоа да можам да го турнам на подот и да го натерам да се предаде“, открива Нурмагомедов.
Последната борба во кариерата на Хабиб беше токму против Гејџи, во октомври минатата година, а потоа легендарниот шампион реши да се повлече.