Фудбалер на Ренџерс стана петти стрелец во историјата на Лигата на Европа

Алфредо Морелос од Ренџерс вечерва со два гола придонесе за победата на шкотскиот тим против Спарта Прага од 2-0 и стана петти стрелец во историјата на Лигата на Европа, ако се сметаат погодоците и од квалификациските кола.

Морелос има 30 погодоци. Поефикасни од него се само Хенрик Ларсон со 40, Клас Јан Хунтелар со 34, Ариц Адурис со 31 и Радамел Фалкао, исто така со 31.

По вечерашните мечеви во Лигата на Европа, осминафиналисти се Вест хем, Баер Леверкузен, Монако и Лион.

- Оглас -

Најнови вести