Порака од Комити до Вардар: Реконструкција!

Вардар во последните две кола ги загуби двата меча во дуели со директните ривали за највисок пласман во Втора лига. Откако минатиот викенд, Црвено-црните загубија дома од Силекс со 1:2, попладнево Вардар беше поразен и на гости кај Воска, исто така со 2:1.

Силекс е убедлив лидер во Втора лига Запад, а Воска е втора и сега има пет бода повеќе од Вардар, во трката за позицијата која води во баражот.

Вардар денеска во Охрид имаше поддршка и од најверните навивачи „Комити“ кои очигледно дека се разочарани од игрите на своите миленици. По поразот од Воска, Комитите преку социјалните мрежи упатија порака за челниците на Вардар, барајќи промени.

„Р Е К О Н С Т Р У К Ц И Ј А
Ова НЕ Е тој ВАРДАР заради кој што дојдовме и покрај сите забрани !“, гласеше кратката порака од „Комити“.
- Оглас -

Најнови вести