Седумте неделни натпревари кои ќе решаваат дали ќе има освојувачи на ваучери на Спортска прогноза за 15-тото коло, се интересни на свој начин, а според процентите, многу тимови се фаворити на мнозинството од оние 1.978 прогнозери кои типуваа за мечевите викендов.
И овојпат составивме „замислен тикет“ според процентите на прогнозерите и кого тие фаворизираат. Ако верувате во мнозинството, треба да уплатите и да чекате голема добивка.
За мечот Специја – Болоња, 51 отсто од играчите типувале на нерешено. Квотата за „икс“ е 3.35.
Најголем процент прогнози има за победа на Монако над Стразбур, дури 93,8 отсто од прогнозерите се изјасниле за единица. Кецот на Монако во Sport Life е со сосема добра квота од 1.70.
Единица треба да има и на дуелот Бордо – Брест, цели 85,5 проценти од играчите типувале на таков исход, а за кец на Бордо, во Sport Life има супер квота од 2.45.
Голем дел од прогнозерите (77,9 отсто) веруваат дека Лион како гостин ќе го совлада Монпелје, а 80,2 отсто се оние што типувале на триумф на Ајнтрахт против Унион Берлин, што носи голема квота.
Играчите на Спортска прогноза даваат речиси исти шанси за победа на Реал Сосиедад и нерешено на гостувањето кај Еспањол. Двојна шанса е со квота 1.33, а двојката (малку повеќе типувале на двојка, отколку на икс) е 2.40.
Тикет кој го нудат прогнозерите на база на најголем број на одиграни фиксови
Специја – Болоња Х 3.35
Бордо – Брест 1 2.45
Монако – Стразбур 1 1.70
Ајнтрахт – Унион Берлин 1 2.40
Еспањол – Реал Сосиедад Х2 1.33
Монпелје – Лион 2 1.78
Лајпциг – Баер Леверкузен 1 1.90
——————————————————————————
Вкупен коефициент 150,6