На денешен ден поред пет години се случи една од најголемите спортски трагедии.
Летот, кој што се одвиваше од Боливија до Колумбија заврши трагично каде што погинаа 71 од 77 луѓе во авионот, а најголемиот дел од нив беа членови на бразилскиот тим Шапекоенсе.
Урнатините од авионот беа брзо пронајдени и спасени се неколку човечки животи, но, властите сè уште не можат да ја кажат точната причина зошто се случило сето ова.
Фамилиите на загинатите веќе пет години се во исчекување на одговори, иако првично се велеше дека на авионот му недостасувал гориво, но, тоа не ги задоволува фамилиите кои објавија протесно писмо до властите во Колумбија, Боливија, Аргентина и Бразил.
„Веќе пет години чекаме одговори од вас за да ни кажете на кој начин нашите најблиски го напуштија оввој свет.
Нека ви служи на чест тоа што не сте способни да го откриете проблемот, а со тоа можеби и евентуално да спречите нови, несреќи“ стои во меѓудругото во протесното писмо.
Шапекоенсе требаше да го игра првиот од двата финални натпревари против Атлетико Национал во Медељин, Колумбија.