Типовите од Спортска прогноза ви нудат интересно неделно ливче

Во деветото коло на Спортска прогноза речиси 500 играчи ги дадоа своите типови на 12-те понудени средби. Вчера се одиграа 5 меча, а веќе во тек е дуелот Херенвен – Утрехт. Во текот на денешниот ден треба да се одиграат уште пет меча, а за утре е закажана средбата Аталанта – Лацио.

Според прогнозерите, Сампдорија е голем фаворит во дуелот со Парма од 15 часот. Речиси 77 отсто веруваат во победа на домашниот тим, а само 2,83 отсто се за триумф на Парма. Во Sport Life обложувалниците победа на Сампдорија вреди коефициент 1,85.

„Пенал“ на денот, според прогнозерите, е дербито во Хрватска меѓу Динамо и Хајдук. За победа на „модрите“ се неверојатни 88 отсто, додека во победа на Хајдук верува само 1 отсто. За реми на дербито се 11 отсто. Коефициентот за Динамо е 1.47.

И најголемото дерби на денот треба да биде во знакот на домаќините. Победа на Ливерпул против Манчестер јунајтед очекуваат 75 отсто од прогнозерите. Тоа значи секој тројца од четворица прогнозери се за „кец“ кој е со коефициент 1.63.

Кога се работи за дербито на Виена, тогаш дилемата е дали ќе победи Австрија или ќе биде нерешено. Австрија ја има улогата на домаќин против Рапид, а 42 отсто веруваат во „единица“, а 40 отсто се за реми. Во овој случај коефициентите за двата тима се по 2.65, а ремито е со коефициент 3.30, но прогнозерите голема предност даваат на домаќинот.

Дуелот од Бундес лигата меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Баер Леверкузен се очекува да биде еден од најнеизвесните. Победа на домаќините типуваат 51 отсто од прогнозерите, за реми се 32 отсто, а триумф на „фармацевтите“ очекуваат 17 отсто. Коефициентите на Sport Life se 2.40-3.55-2.90, а повеќе од половина веруваат во три бода за домаќините.

Понеделничката средба од Серија А меѓу Аталанта и Лацио е предизвик за многумина. По 39 осто се прогнозите за победа на Аталанта и реми, а во триумф на Лацио веруваат 21 отсто.

Ако се следат процентите од играњето на речиси 500 прогнозери може да направите интересно ливче.

 

- Оглас -

Најнови вести