Лео Меси во понеделникот по седми пат ја освои Златната топка.
На церемонијата одржана во Париз, тој го победи Роберт Левандовски од Баерн Минхен, а по тој повод Аргентинецот вчера одржал забава со своите соиграчи и тренери од ПСЖ.
Интересно е што сите членови добиле покана и присуствувале освен Мауро Икарди, кој останал непоканет.
Од поодамна, Меси го избегнува Мауро поради контроверзниот начин на живот.
Воедно и неодамнешната сапуница со Ванда Нара, на која сè чини дека и нема крај, дополнително ги закомплицирала односите меѓу нив двајца.
Со постапките коишто ги направи Мауро, голема е веројатноста дека тимот ќе се обиде да се ослободи од неговите услуги во јануари, или пак наредното лето, со цел да си обезбеди хармонија меѓу останатите соиграчи.