Пике со чудна изјава: Мадрид е подобар од Барселона

Жерар Пике е еден од столбовите во дефанзивата на Барселона веќе долги години наназад.

Искусниот дефанзивец помина низ најголемите успеси со овој клуб, а сега со него е и во моментите на голема криза, но даде една навистина интересна изјава за „Ел Хормингеро“, кое е едно од најпопуларните ТВ-шоуа во Шпанија

„Мадрид е подобар од Барселона. Самиот град има многу повеќе живот, шетање, додека Барселона стагнира на тоа поле.

Кога и да дојдам во Мадрид, одма се чувствувам подобро отколку во Барселона“, кажа, меѓу другото, Пике.

Останува да се види каква ќе биде реакцијата на навивачите на Барселона по оваа изјава.

- Оглас -

Најнови вести