Во снежна Битола се игра дербито од Купот: Пелистер против Вардар во битка за полуфинале

Во македонскиот фудбал има повеќе дерби-дуели, но сепак, најголемо останува тоа меѓу Вардар и Пелистер. Ривалството меѓу скопскиот и битолскиот тим трае со децении и секогаш привлекува внимание, без разлика што сега се далеку од најдобрите екипи во земјата.

Пелистер е последен во Првата лига, а Вардар за првпат е второлигаш, каде што води голема битка за да се врати во елитата. Денешното дерби е во рамките од четвртфинале во Купот на Македонија, а се игра во Битола, во која синоќа падна и првиот снег за оваа сезона. Еден меч ќе го реши патникот во полуфиналето, а доколку нема победник по 90 минути игра, ќе се шутираат пенали.

Во последните пет меѓусебни меча, Пелистер има две победи и три нерешени, а Вардар последен пат се радувал против битолчани во ноември 2017 година, и тоа на меч во Скопје.

Освен дуелот на „Тумбе Кафе“, од 13 часот се играат уште три дуели во четвртфиналето на Купот. Шкендија е домаќин на Струга ТЛ, Силекс игра против Брегалница, а Македонија Ѓорче Петров е домаќин на Шкупи.

Сите четири мечеви од Купот ги има во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести