Игра која е со огромни квоти во Sport Life, во Тетово донесе 10.000 евра

Среда дефинитивно беше среќна за еден систем уплатен на два тикети во Тетово. Одбрани се седум мечеви на кои е одиграна една необична игра. Домаќинот или гостинот да води на полувреме, а на крајот дуелот да заврши нерешено, односно да биде 12-Х.

Од седумте одбрани парови, на кои коефициентите се движат меѓу 9 и 11.75, погодени се пет натпревари на ист принцип. Едниот тикет е одигран на 175 денари уплата и се бара услов да бидат погодени четири од седумте средби. На другиот тикет со 75 денари уплата, се бараа пет од седум погодени, што и се случи.

Првиот тикет на кој системот е 4/7 донесе добивка од 252.745 денари, додека похрабриот тикет, односно системот 5/7 донесе и поголема добивка, дури 360.703 денари.

Вкупно со 250 денари на двата тикети, добивката е 613.448 денари, односно речиси 10.000 евра!

ДУРИ НА ЧЕТИРИ МЕЧА БЕА ПОСТИГНУВАНИ ГОЛОВИ ВО ФИНИШОТ

Огромни се коефициентите на играта која вели дека еден од двата тима да води на полувреме, а на крајот средбата да заврши нерешено. Тикетите кои вчера се уплатени во Тетото имаа голема среќа.

Дури на четири средби погодоци паѓаа во последните моменти од првиот или вториот дел. Погледнете како се движеа резултатите на:

Саутхемптон – Лестер 2:2 (2:1 полувреме)

Вест хем – Брајтон 1:1 (1:0) гостите израмнија со погодок во 89 минута.

Цитадела – Комо 2:2 (1:0), гостите губеа со 2:0 до 75 минута, кога погодија за 1:2, а израмнија на 2:2 со гол во 94 минута.

Рен – Лил 1:2 (0:2), промашена.

Генк – Бриж 3:3 (2:1), меч со невидена драма. Генк со гол во 45+2 стигна до водство од 2:1 на полувреме, а Бриж израмни на 3:3 во 89 минута од мечот за икс.

Абердин – Ливингстон 2:0 (1:0), промашена

Ресовија – Катовице 2:2 (1:2), Катовице во 45+3 даде гол за 1:2 по првото полувреме, а потоа домаќините израмнија во 73-тата минута и немаше промена на резултатот.

 

- Оглас -

Најнови вести