Веста дека Лионел Меси не се поздравил со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, за време на церемонијата за Златната топка во Париз потврди дека тие не се во добри односи по шокантната разделба летоска.
Се мислеше дека Меси и Барса се разделија пријателски, а Лео можеби и би се поздравил со човекот за кого пред изборите лобираше да стане прв човек на Барселона, но добил забрана за средба со Лапорта од неговиот татко и агент, Хорхе Меси.
Меси сакаше да го продолжи договорот со Барселона, направи некои отстапки, но клубот кој е во финансиска криза, реши да не му понуди нов договор на најдобриот фудбалер во својата историја, па Меси премина во Пари Сен Жермен.