Мурињо: Ако зборувате за среќа, тогаш зборувате за вториот и третиот гол на Ливерпул

Жозе Мурињо не престанува со своите изјави на кои ретко кој може да остане рамнодушен и да не коментира. По поразот во дербото на „Енфилд Роуд“ од Ливерпул, португалскиот стратег вели дека домаќинот имал многу среќа, посебно во ситуациите кога Џердан Шаќири погодуваше за 2:1 и 3:1.

„Ливерпул е силен тим, но секогаш е тешко да се примат голови во моментите кога ние ги примивме. Се боревме во почетните 20 минути, не можевме да се носиме со нивниот притисок, но бевме смирени и ја контролиравме играта. Шаќири постигна два лесни голови, а како топката се одбиваше, немаше шанса да се одбранат. Ако зборувате за среќа, тогаш зборувате за вториот и третиот гол на Ливерпул“, рече Мурињо по денешниот меч.

Менаџерот на Манчестер знае дека трката за титулата е само сон, па негова цел е евентуално освојување на четвртото место на табелата.

„Дали може да се поправат работите? Мислите на освојување на титулата? Не, не може, но се уште може да завршиме на четвртото место. Нема да биде лесно, но сигурно ќе бидеме во Топ 6. Најмногу што можеме да извлечеме до крајот на сезоната е четвртото место“ додаде Мурињо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести