Нешвил предаторс имаа лоша ноќ во НХЛ-лигата, а дресовите што ги промовираа наидоа на потсмев кај љубителите на хокејот и ги збеснаа навивачите на клубот.
Бостон бруинс беа подобри и победија со 2:0, а во „Бриџстон арената“ ечеше од незадолство на малку повеќе од 17 илјади навивачи на Нешвил.
„Со вакви комични дресови треба барем да го смениме прекарот. Не личиме на Предатори, туку на циркузанти“ е еден од коментарите на социјалните мрежи.
Негативните реакции се нижат, а многумина сметаат дека дресовите што од рециклиран материјал ги изработи „Адидас“ се најлошите во 105-годишната историја на НХЛ-лигата.
These are — and I mean this in the nicest way possible — maybe the worst jerseys in the NHL’s 105-year history. Automatic locks for the top of worst jersey rankings for the rest of time. https://t.co/I2kZqmOglU
— Scott Wheeler (@scottcwheeler) December 2, 2021