Екипата на Коњаспор направи еден ферплеј потег кога дозволи Ванспор да им даде гол во меч од Турскиот куп, иако навивачите ова го проследија со свирежи и негодување.
На крајот, Коњаспор победи со 3-1, а средбата ќе се памети по случката во 35-тата минута, кога домашните играчи стоеја и дозволија третолигашот веднаш по тргнувањето од центарот по примен гол, да изедначи.
Со овој гол беше исправена една неправда. Фудбалер на Коњаспор сигнализираше дека е повреден, гостите стоеја и чекаа прекин на играта, но судијата не даде знак за прекин и Коња продолжи со акција од која даде гол. Фудбалерите на Ванспор се налутија, но брзо им помина лутината откако и противникот застана и им дозволи да дадат гол.
👏Santradan sonra Konyasporlu oyuncular centilmence topu bıraktı, Hamza’da skoru 1-1 yaptı.
İ.H Konyaspor 1⃣-1⃣ S. Vanspor
Hamza Küçükköylü ⚽ pic.twitter.com/k7lQ46l2Dk— A Spor (@aspor) December 2, 2021