Лејкерси ќе победат во дербито на Лос Анџелес

8469 ЛА лејкерс – ЛА клиперс (04:00 часот)

Едно од најпознатите, ако не и најпознато градско дерби во НБА вечерва ќе биде во центарот на вниманието во богатата НБА-понуда.

Сепак, и во двете екипи нема да играат клучните играчи: Леброн Џејмс кај домаќините, додека кај Клиперси ќе изостануваат двајцата најдобри поединци, Пол Џорџ и Кавај Ленард, кој подолго време ќе отсуствува.

Лејкерси иако се без „кралот“, сепак имаат поквалитетен тим и предводени од Дејвис, Вестбрук и Ентони ќе се радуваат на триумф над ривалот.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

8463 Бруклин нетс – Минесота тимбервулфс (01:30 часот)

Бруклин полека, но сигурно ја крева формата и игра на нивото коешто се очекува од нив.

Минесота иако исто така е во добар ритам, сепак се чини дека нема што да бара на ова гостување.

Дурант и Харден се подготвени да приредат ново шоу и да му ја донесат на домашниот тим 16-та победа.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -8.5 (1.95)

 

8465 Далас маверикс – Њу Орлеанс пеликанс (02:30 часот)

Идентично како и Бруклин, така и Далас предводен од Лука Дончиќ влегува во потребната форма.

Додека, пак, гостите на тимот од Тексас се една од најголемите непознаници во НБА. Нивниот главен играч Зајон Вилијамсон е повреден долго време, а и замнинувањето на неколкумина играчи дополнително го ослабна тимот.

Во секој случај, вечерва очекуваме голем број поени, а границата од 218.5 изгледа навистина привлечна.

Предлог тип: >218.5 (1.94)

 

8467 Голден стејт ворирорс – Феникс санс (04:00 часот)

Двете најдобри екипи на Западот ќе се обидат да дојдат до супер важна победа.

Феникс е во неверојатна серија од 18 победи по ред, што е нов рекорд на франшизата, а еден од тимовите кој „настрада“ во таа серија е и Голден стејт.

Сепак, за гостите вечерва под знак прашалник е Девин Букер, кој и ако добие шанса на теренот, нема да има сили да направи нешто поконкретно.

Голден стејт исто така се во одлична форма и водени од неверјатниот Стеф Кари, ќе бараат прекин на рекордната серија на Феникс.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -6.5 (1.90)

 

8461 Вашингтон визардс – Кливленд кавалирс (01:00 часот)

Вашингтон игра навистина одлична кошарка сезонава и се наоѓа на високото трето место во Источната конференција.

Но и Кливленд исто така игра над очекувањата, па затоа вечерва за очекување е дека и двата тима едноставно ќе одиграат без никаков резултатски притисок, иако победа секако дека би била добредојдена за еден од двата колектива.

Предлог тип: >208.5 (1.97)

- Оглас -

Најнови вести