Дербијата се играат само на голови

1001 Вест Хем – Челзи (Премиер лига Англија, 13:30 часот)

Денешната богата фудбалска програма ја отвораме со лондонското дерби во Премиер лигата.

Челзи игра навистина одлично под Томас Тухел и е еден од главните фаворити за титулата, и за Вест Хем исто така може да се каже дека е едно од најголемите изненадувања и нема да биде ништо чудно ако го видиме во топ 4 сезонава.

„Сините“ се најдобра гостинска екипа до сега во Премиер лигата со 15 дадени и само два примени гола, но, „чеканите“ редовно ги решетаат противничките мрежи, па затоа се очекува навистина интересен натпревар со многу голови.

Предлог тип: Гол-Гол и 3+ (2.55)

 

3003 Наполи – Аталанта (Серија А Италија, 20:45 часот)

Наполи до пред некое коло редеше само победи во Серија А, за во последните две рунди да освои само еден бод.

Од друга страна, гостите како и претходните сезони играат напаѓачки фудбал и секогаш на гол повеќе, а така ќе биде и вечерва.

На последните две средби видени се во просек по пет гола, а така се надеваме дека ќе биде и вечерва.

Предлог тип: 4+ (2.60)

 

1303 Севилја – Виљареал (Ла Лига Шпанија, 14:00 часот)

Можеби и најинтересниот натпревар во ова коло се игра денеска од 14:00 часот.

Севиља во оваа сезона игра според очекувањата, додека актуелниот освојувач на Лигата на Европа, Виљареал потфрли.

Гостите во моментов се на разочарувачкото 12. место, но, вреди да се спомене и дека навистина немаа среќа со повредите.

Сепак, денеска ќе истрчаат во комплетен состав, додека кај домаќините ќе ги нема Ламела и капитенот Хесус Навас.

Предлог тип: Гол-гол (1.87)

 

1807 Борусија Дортмунд – Баерн Минхен (Бундеслига Германија, 18:30 часот)

Навистина голема штета е што овој натпревар ќе се одигра само пред 15 илјади навивачи.

Германскиот „класикер“ има посебен шмек оваа година бидејќи и двата тима ги дели само еден бод.

Навистина е тешко да се прогнозира победникот, иако гостите се благи фаворити со оглед на тоа дека кај „милионерите“ ќе фалат неколку играчи.

Но, Ерлинг Халанд е во тимот, а исто така на спротивната страна е и Роберт Левандовски, а тоа значи дека ќе видиме голем број на голови.

Предлог тип: 4+ (1.78)

 

3002 Рома – Интер (Серија А Италија, 20:45 часот)

Интер имаше лош почеток, но, сега влегува во потребната форма и реди само победи.

Пласманот во наредната фаза од Лигата на шампионите е осигуран, додека во првенството се веднаш зад лидерите Милан и Наполи, иако пред неколку кола беа на негатива од 10 бода.

Рома, пак, од другата страна тргна одлично, но, потоа одеднаш влезе во лоша серија на резултати, а капак на се беше поразот од Болоња пред само неколку дена.

Сето ова укажува дека тимот од Милано е благ фаворит на оваа средба но со оглед на тоа дека гледаме навистина голем број на голови во Серија А оваа сезона, ќе играме на „посигурен“ тип, гостинот да даде два гола.

Предлог тип: Тим 2 2+ (1.83)

- Оглас -

Најнови вести