НБА Пелистер – Битолчани постигнаа неверојатни 142 поени за победа од 54 поени разлика

Пелистер приреди кошаркарско чудо против Ангели и постигна неверојатни 142 поени во меч од Првата македонска лига, а победата од 142:88 е убедлива со огромна разлика од 54 поени.

Гостите од Битола ги добија сите четири четвртини и славеа лесно со една од најубедливите победи во историјата на македонската Прва Лига.

Никола Малешевиќ беше најефикасен на мечот со 33 поени, а имаше неверојатни 92 посто процент на удар за два поени и погоди 12 удари од 13 обиди.

Кесар уфрли 25 поени, Хаутон постигна 22 поени, а македонскиот репрезентативец Стајиќ го заврши мечот со 20 поени.

Кај Ангели, Васар беше одличен со 30 поени, а Деолски забележа поен помалку во високиот пораз на неговиот тим.

Во останатите два меча од деветтото коло Еуро Никел го победи МЗТ 2 со 81:66 на гости, а Работнички на крилјата на извонредниот Пол Џексон, кој постигна 41 поен го победи Кожув со 100:85.

 

 

- Оглас -

Најнови вести