Миксот од најдоброто од САД носи убава полноќна квота

9234 Канзас сити чифс – Денвер бронкорс (НФЛ, 02:20 часот)

Канзас оваа сезона иако игра под очекувањата, сепак е еден од најголемите фаворити за пласман во Суперболот.

Патрик Махомс и соиграчите мака мачат во досегашниот тек од сезоната и имаат само четири победи од 11 одиграни средби.

Сето тоа е јасен знак дека до крајот на регуларниот дел од сезоната ќе мора значително да се поодобрат со цел да котираат високо на табелата.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -8.5 (2.00)

 

9232 Питсбург стилерс – Балтимор рејвенс (НФЛ, 22:25 часот)

Според квалитетот на екипите, ова треба да биде една од најинтересните средби во ова коло.

Но, ако се гледа пласманот на табелата, тогаш гостите не би требало да имаат проблем да дојдат до победата.

Питсбург игра разочарувачки и има скор од пет победи и исто толку порази, што засега не е доволно да влезат во плејофот.

Додека, пак, Балтимор со својата игра ги изненади сите и најави дека има капацитет за квалитетна претстава во овосезонската НФЛ-лига.

И на двете екипи поквалитетна им е офанзивната линија, па затоа очекуваме и голем број поени.

Предлог тип: >43.5 поени (1.90)

 

8001 Кливленд кавалирс – Јута џез (НБА, 21:30 часот)

Стандардниот термин од НБА предодреден за Европа ни носи интересен дуел меѓу Кливленд и Јута.

Домаќините предводени од Европејците Рубио, Марканен и Осман играат добро и во моментов се на шестото место во Источната конференција со четири едноподруго победи.

За Јута не е потребно да се трошат зборови бидејќи е една од фаворитите на Западот, иако во моментов е под број три, зад Голден стејт и Феникс.

И двата тима знаат да одиграат доста добро во нападот, па затоа и границата од 212.5 поени изгледа атрактивна.

Предлог тип: >212.5 (1.94)

 

8468 Aтланта хокс – Шарлот хорнетс (НБА, 00:00 часот)

Точно на полноќ започнува мечот меѓу Атланта и Шарлот, каде што и двете екипи имаат високи цели во Источната конференција.

Во моментов се под број 8 и 9, а со победа некој од тимовите покрај тоа што ќе си ги подобри можностите за пласман во плејофот, со сигурност ќе добие и на самодоверба.

Покрај факторот дека и на двете екипи им треба победа, друго нешто што треба да се обрне внимание е тоа што голем број играчи ќе недостасуваат и во двата тима.

Богдановиќ со сигурност нема да игра, а под знак прашалник е и настапот на Тре Јанг, додека кај гостите ќе го нема Ламело Бол.

Предлог тип: <220.5 (1.88)

 

8410 Филаделфија флајерс – Тамба беј лајтнинг (НХЛ, 00:00 часот)

Хокејските случувања во Северна Америка и овојпат ќе бидат во центарот на вниманието со оглед на тоа дека има шест натпревари од полноќната понуда.

Ние го избравме тој каде што ќе игра актуелниот првак, на теренот против најнезгодниот противник.

Тампа знае да си замине разочарана од гостувањата кај Филаделфија, но речиси на секој натпревар возбудувањата и голеадите се редовно присутни, па се надеваме дека така ќе биде и вечерва.

Предлог тип: >5.5 погодоци (1.80)

- Оглас -

Најнови вести