Досега невидена драма: Нов прекин на трката, ФИА се „пазареше“, а Хамилтон и Ферстапен имаа нова епска битка (ВИДЕО)

Драмата во Формула 1 никако да престане.

Само по еден неполн круг од рестартот, трката е повторно прекината, а лидер е сензационалниот Окон.

Макс Ферстапен тргна од првото место, пред Луис Хамилтон, но тој ја загуби позицијата уште на стартот, а потоа е напред неправилно, откако беше исфрлен надвор од патеката.

Сепак, не ја препушти првата позиција, а во меѓувреме Хамилтон беше преминат од Себастијан Окон.

До прекин дојде по судирот на Леклерк и Чеко Перез, а за време на чекањето, ФИА комуницираше со Ред Бул и Мерцедес.

Мајкл Маси, дирекоторот на ФИА, ги праша Ред Бул дали би се согласиле да бидат зад Хамилтон бидејќи на неспортски начин се вратија во трката, а потоа се консултираше и со гаражата на Мерцедес.

На крајот одлучено е Окон да биде прв, Хамилтон втор, а Макс да стартува од третото место.

- Оглас -

Најнови вести