Борусија Менхенгладбах ги изневери прогнозерите, борбата за „ајфонот“ ќе биде во наредните кола

Поразот на Борусија Менхенгладбах најмногу ги разочара прогнозерите од 16-тото коло.

Повеќе од 90 проценти од играчите на бесплатната игра во режија на Sport Life и Спорт Манија веруваа во домашна победа, а се случи спротивното.

Гостите од Фрајбург дадоа дури шест голови во првото полувреме, што е нов рекорд во Бундеслигата.

За жал, никој од играчите не успеа ни да дојде до еден од ваучерите, а до такво нешто најблиску беше Андреj A., кој погоди девет натпревари и ќе чекаше нерешен резултат на последната средба од ова коло меѓу Калјари и Торино.

Токму грото од играчите се согласуваат со мислењето на Андреј дека оваа средба од Серија А ќе заврши без победник.

Во генералниот пласман, Богољуб Ј. има 127, Христијан Т. е со 125, додека, пак, Борис С. е на третата позиција со 121 поен.

Мајсторот којшто ќе погоди 13 натпревари во едно коло, ќе го освои пракрасниот „ајфон 12“, тие што ќе имаат една утка, ќе си добијат ваучери од 1.000, додека пак со два промашени натпревари следува ваучер од 500 денари.

Во конечниот пласман, пак, победникот на крајот од оваа сезона ќе добие прекрасен Смарт ТВ од 48 инчи, второпласираниот ќе одвои 500 илјади поени во SL Маркет, третиот ќе добие 400.000, четвртиот 300.000 и петтопласираниот ќе добие 200 илјади SL Маркет поени.

Сè што треба да направите е да имате SL картичка, којашто можете бесплатно да ја подигнете во уплатните места на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести