Екипата на Њукасл изминатиот викенд дојде до првата победа во оваа премиерлигашка сезона.
Чавките минимално со 1:0 го победија Барнли на домашен терен со голот на Калум Вилсон во 40-тата минута.
Еден од нивните навивачи, извесен Мајкл Урвин чекал пред стадионот по натпреварот за некој автограм, но наместо тоа, напаѓачот на овој тим, Алан Сен Максим, му подарил часовник вреден околу 2.500 евра.
Сето ова Урвин го овековечил со објава на социјалната мрежа „Твитер“, додека во еден од коментарите токму фудбалерот го прашал дали му се допаѓа.
Навистина супер гест.
I’ve been coming to st James park for nearly 30 years and never been as happy as I am today thanks to this generous man @asaintmaximin walks over and gives me this watch! Absolutly dumbfounded lost for words!! ❤️❤️ maxi is a true geordie good luck today my friend for life 👍 pic.twitter.com/YaFQTpsrRQ
— Michael Urwin (@michaelurwin14) November 20, 2021