Нова магија на Стеф Кари: Го „измеша“ играчот на Орландо како мало дете па даде тројка од пола терен (ВИДЕО)

Стеф Кари игра навистина фантастична сезона и ја носи екипата на Голден стејт ворирорс кон третиот НБА-наслов.

Иако е рано да се зборува за тоа, сепак, најдобриот тројкаш на сите времиња ужива на теренот како во периодот кога оваа екипа доминираше, а и самите резултати најавуваат успешна година.

Кари демонстрираше уште една кошаркарска магија на средбата против Орландо.

Во последните секунди од првата четвртина ја зеде топката од својата половина, го издрибла Гери Херис како мало дете и даде табла-кош од половина терен.

На крајот Голден стејт се радуваше на победа од 126:95, а Кари постигна 31 поен.

 

- Оглас -

Најнови вести