Новата ѕвезда на Ајакс, голгетерот Себастиен Алер, со голот вечерва против Спортинг Лисабон, испиша историја во Лигата на шампионите.
Фудбалерот од Брегот на слоновата коска, му се придружи на Кристијано Роналдо (во сезоната 2017/2018) како единствени кои успеале да дадат гол на секој од шесте меча во групната фаза во една сезона. Алер во својата кариера, на шест меча во ЛШ има дадено 10 голови, и тоа е рекорд. На Ерлинг Халанд за десет гола му ЛШ му требаа седум меча, а рекордерот Роналдо дури после 37 настапи дојде до двоцифрен број.
Тони Крос со убав гол му донесе водство на Реал Мадрид во дербито против Интер. Погледнете го снајперски прецизниот шут на Германецот:
https://www.youtube.com/watch?v=NfIDEmqyOFM