Почесниот претседател на Баерн Минхен, славниот Карл Хајнц Румениге, кој е некогашен напаѓач на Интер, даде објаснување зошто Баварците во последните декади не купува играчи од Интер.
Румениге веќе нема функција во Баерн, но има еден играч од Серија А кој би му предложил на Баерн да го купи.
„Ако бев генерален менаџер на клубот, ќе сакав да го купиме Лаутаро Мартинес. Одличен напаѓач е. Интер е во моето срце, па би се обидел да не купувам играчи од кај Нераѕурите“- вели Румениге.
Румениге откри дека Баерн во време на негово менаџерување бил блиску да ги купи Киеза и Дибала, кои сега во Јувентус.
„Киеза со некои движења ме потсетува на Робен. Размислувавме да го купиме кога беше во Фиорентина. Исто и Дибала кој тогаш беше во Палермо, го ценевме многу, но тој прејде во Јуве. Талентиран е, но има осцилации“ – додава Румениге.