Екс кошаркарот Драган Лабовиќ, кој беше приведен поради напад на таксист и кражба пари од такси возилото, откако го пуштиле на слобода, своето дивеење го продолжил и во станот на сестра му, каде ја нападнал и сестрата и го демолирал станот.
Затоа, поранешниот член на Карпош Соколи во следните 15 дена ќе биде на лечење во психијатриска болница, додека после тоа најверојатно ќе оди во притвор, каде ќе чека пресуда за прекршоците кои ги направи вчера.
Лабовиќ е некогашна голема надеж на српската кошарка, но кариерата ја заврши во 2019 година, како 32-годишен, а во Македонија беше во сезоната 2016/2017 и почетокот на 2017/2018.