Очите вперени кон Минхен, но драмата ќе биде на арените „Фолксваген“ и „Ред Бул“

Во групата Г од Лигата на шампионите, последното коло носи вистинска драма, бидејќи никој нема осигурано осминафинале, а сите четири тима имаат шанса да одат понатаму.

Таму во моментов прв е Лил со 8 бода, следува Салцбург со 7, Севилја со 6 и Волфсбург со 5. Паровите за вечерва се Салцбург – Севилја и Волфсбург -Лил.

Лил ако не загуби на гостувањето во Германија, сигурно оди во осминфинале. Победа на Лил ќе го смести на прво место, а првата позиција ќе биде за Лил и ако одигра нерешено, но и Салцбург да не освои три бода.

Австриски Салцбург ако остане непоразен дома со Севилја, оди во осминафинале. Салцбург може да биде и прв ако победи, а Лил да не победи.

Севилја со победа сигурно оди во следната фаза. Андалузијците може да бидат и први, ако победат во Австрија и притоа Лил да загуби од Волфсбург.

Дури и за Волфсбург има теорија да биде прв. Германците сигурно одат понатаму ако го совладаат Лил, а може да бидат први ако го победат Лил, а другиот меч да заврши нерешено.

- Оглас -

Најнови вести