Вардар губи на полувреме, но секако дека може да победи во Загреб

Вардар е во негатива од два гола по првото полувреме на гостувањето кај Загреб, во меч од Лигата на шампиони. Хрватскиот тим води со 14:12 во меч на кој и Црвено-црните во еден дел од играта имаа два позитива.

Загреб добро го отвори мечот и поведе со 2:0, а домаќините оваа предност ја одржуваа во првите 15-тина минути кога водеа и со 6:4. Потоа следи серија од 4:0 на Вардар, па Црвено-црните поведоа со 8:6.

Македонскиот првак предноста од два гола ја имаше до 11:9, а потоа беше ред Загреб да направи серија и тоа од 4:0, па хрватскиот шампион поведе со 13:11, за да потоа погоди Стојанче Стоилов и намали на 13:12, за да Чупиќ од пенал во последната секунда донесе два гола предност за домаќините.

 

- Оглас -

Најнови вести