Барселона веќе не е меѓу најсилните екипи на планетава и тоа стана уште појасно откако вчеравечер изгубија од Баерн Минхен и на пролет ќе игра во Европа лигата.
Не е срамно да се загуби од Баерн Минхен, туку е голем неуспех да не се победи Бенфика на ниту една од двете средби.
Ако се погледене низ годините наназад, ќе се забележи дека падот на Барса датира уште од сезоната 2018/19, кога во полуфиналето испаднаа од Ливерпул.
Иако по првата средба имаа предност од 3:0, Каталонците на Енфилд загубија со 4:0 и ги завршја Евро-настапите за таа сезона.
Но, на првата средба, Осман Дембеле промаши нешто незамисливо и тоа во 96. минута.
Иако тогаш се чинеше дека ова промашување нема ништо да ги чини, напротив ја промени целата историја на Барса.
Скапото засилување се посрамоти, а по елиминацијата од Ливерпул, Меси изјави дека размислува да си замине од Барселона.
Доколку Дембеле погодеше, веројатно ќе и обезбедеше финале на Барса и можност за ноа титула.
Вака, го најави еден од најголемиот пад во историјата на клубот, доживувајќи срамни порази и којзнае кога ќе ја гледаме Барса на истото ниво како пред неколку години.