Му лежи Лестер: Нова мајсторија и нов гол на Елмас (ВИДЕО)

Елиф Елмас ја игра една од најдобрите, ако не и најдобрата партија во својата кариера како играч на Наполи.

Македонскиот репрезентативец во 53. минута го даде својот втор гол на средбата против Лестер, овој пат за 3:2.

Елмас одлично се снајде пред противничкиот гол и ги измеша дефанзивците на Лестер, а успеа и да го совлада Шмајхел.

Со ова водство, сега Наполи оди во понатамошниот дел од Европа лигата, но, има уште да се игра.

Погледнете го вториот гол на Елиф.

- Оглас -

Најнови вести