Алтај и Хатајаспор го одиграа премиерниот меч од 16. коло во Првата турска лига и гостите победија со 1:2, а првите два гола, по еден на двете страни што беа постигнати во првото полувреме се фудбалски ремек-дела.
Чилеанецот Цезар Пинарес во 21. минута со еврогол од огромна далечниа му донесе предност на Алтај, а бомбата кон голот на Хатајаспор немоќно ја следеше голманот Мунир.
Во финишот на првото полувреме со прекрасен гол се истакна и Сенегалецот Маме Диуф кој погоди за израмнување на атрактивен начин.
Хатајаспор победи со голот на Дилан Сент-Луис во 76. минута, а потоа Диуф промаши и пенал за поубедлива победа.