Горан Пандев и Џенова ја продолжија лошата серија неуспеси во Серија А и вечерва го загубија градското дерби со Сампдорија со убедливи 1:3.
Пандев играше од почетокот на едно од најголемите градски дербија во Серија А, се обидуваше да ја размрда екипата, но не успеа и поразот беше неминовен.
Незадржлив за домаќините беше Маноло Габијадини, кој постигна два гола, а при последниот за Сампдорија, за 0:3, се најде во интересна ситуација.
Во 67. минута зголеми на 0:3, но судијата покажа дека имало офсајд, но потоа чекаше сигнал од ВАР собата.
Во меѓувреме додека се чекаше конечната одлука дали е гол, или не, Габијадини беше заменет, а радоста беше голема, кога судијата Довери покажа на центар и голот беше регуларен.
Габијадини погоди и во седмата минута за 0:1, потоа стрелец беше Капуто, па пак Габијадини, а почесниот гол за Џенова го даде Матија Дестро во 78. минута.
Пандев го одигра целиот меч, а Џенова остана претпоследна со 10 бода, а Сампдорија е на 14. место со 18 бода.