Со денешните пет меча се комплетира есенскиот дел од прволигашката фудбалска конкуренција. Шкупи ќе презими како прв на табелата, а прашање е со колку бодови. Чаирчани денеска гостуваат кај Борец во Велес и се фаворити за победа.
Борец дома во четири меча има две победи, две нерешени и четири порази, а Шкупи на гости е со биланс од четири победи и по две нерешени и порази. На последните пет меѓусебни средби, Шкупи има пет победи и тоа без ниту еден примен гол.
Академија Пандев ќе се обиде да ја задржи втората позиција и тоа со освојување на трите бода против Пелистер. Битолчани се со само пет освоени бода во 17 меча и „заковани“ се на дното на табелата, па се освен три бода за домаќините, би било изненадување на овој меч.
Најсигурен пар на денот е Шкендија – Скопје. Тетовци се големи фаворити и ќе биде чудо ако Скопје успее да се врати непоразен од ова гостување.
Денеска од 13 часот уште ќе играат и Струга – Ренова и Работнички – Македонија Ѓорче Петров. Сите мечеви ги има во понудата на Sport Life.