Барселона се соочува со голем број на повредени фудбалери во нападот, па тимот ќе се обиде во јануари да донесе решение и фудбалер кој ќе може да биде одлична замена.
Според последните информации од Италија, Каталонците се заинтересирани за врачање на Алексис Санчез од редовите на Интер.
Како што е познато, Чилеанецот играше од 2011 до 2014 во редовите на Барса а во тој период постигна 39 гола на 88 натпревари.
Желбата е Санчез да се донесе како бесплатен фудбалер бидејќи неговиот договор со Интер истекува на крајот од оваа сезона.
Останува да се види како ќе заврши оваа трансфер сага и дали ќе го гледаме Чилеанецот повторно во дресот на каталонскиот гигант.