Готово е, ФИА ги одби двете жалби на Мерцедес, славјето на Ферстапен може да продолжи

ФИА ги отфрли двете жалби на Мерцедес, и со тоа, Макс Ферстапен и официјално е нов шампион во Формула 1. Од Мерцедес бараа конечниот пласман да не биде важечки, бидејќи според нив, биле прекршени два члена од пропозициите за натпреварување на ФИА.

По сослушувањето на тимовите на Ред Бул и Мерцедес од страна на стјуардите на трката во Абу Даби, утврдено е дека Ферстапен не го претекнал Хамилтон за време на присуството на безбедносното возило, и жалбите на Мерцедес беа одбиени.

- Оглас -

Најнови вести