Хорор во Португалија – Отаменди бил претепан од крадци, го врзале со каиш за врат

Вистинска драма му се случила на Николас Отаменди и неговото семејство денеска, а играчот на Бенфика бил нападнат во својот дом од четворица крадци.

Отаменди доаѓал дома кога криминалците веќе биле во неговиот дом, па бил нападнат и удрен, а потоа и го врзале со каиш за вратот.

Сопругата и синот на Отаменди, а и самиот играч биле преплашени од нападот и дрскоста на крадците.

Тие успеале да украдат одредена количина пари и му го зеле од рака часовникот на Аргентинецот.

https://twitter.com/beINSPORTSUSA/status/1470428570250002437?s=20

Отаменди откако минал хоророт и крадците побегнале веднаш го пријавил случајот во полиција.

Аргентинскиот репрезентативец е член на Бенфика од ланската сезона, а и претходно има настапувано во Португалија, но за Порто, и тоа од 2010 до 2013 година.

 

- Оглас -

Најнови вести