Ќе го колне ВАР: Голман доби црвен картон уште пред почеток на натпревар (Видео)

Неверојатно, но вистинито: голманот на парагвајскиот клуб Серо Портењо, Жан Фернандес, беше исклучен од парагвајскиот Суперкуп уште пред да започне натпреварот. Проблемот на Жан е што камерите го снимија моментот кога при загревањето, тој со непристојни гестикулации им се обрати на навивачите на Олимпија Асунсион.

Судијата доби сигнал од ВАР-собата, отиде да ја погледне ситуацијата и на Жан му покажа црвен картон. На Серо Портењо му беше дозволено да стави друг голман, па започнаа со 11-мина играчи, но на крајот сепак загубија.

Погледнете го можеби и најбизарното исклучување во историјата на фудбалот:

- Оглас -

Најнови вести