МЗТ Скопје е пред голем предизвик денеска од 15 часот и ќе игра против словенечкиот Хелиос Домжале во АБА 2 лигата во меч што е многу значаен за двете екипи.
Популарните Штркови во Сараево ќе се обидат да го изненадат ривалот, кој е во топ-форма и без пораз над два месеци и со серија од 11 победи по ред.
И двете екипи имаат идентичен биланс од по 3 победи и еден пораз и победникот ќе се пробие на второто место, зад лидерот Борац од Бањалука, кој е единствен во Регионалната лига без пораз и со 5 победи на пет меча.
Хелиос, според коефициентите, е фаворит за победа, но и МЗТ Скопје има убав адут на своја страна бидејќи досега во пет меѓусебни дуели со ривалот од Словенија има 3 победи и два порази.
Ако триумфираат и по четврти пат, денеска во Сараево може да се заработи добро во Sport Life бидејќи коефициентот за победа на Аеродромци е 3.20.
Последните три меѓусебни дуели беа многу неизвесни и завршуваа со тесни победи на една од двете екипи.
Најголемата разлика беше само 4 поени, па ако сакате ризик, може и да се одигра дека мечот ќе заврши нерешено за квота од 13.5 во Sport Life.
За победа на Хелиос Домжале коефициентот е 1.32, а вкупно во понудата на Sport Life за овој меч има 53 различни видови игри.