Баерн Минхен оствари уште една убедлива победа во германската Бундеслига.
Актуелниот првак и лидер со 5:0 славеше на гостувањето кај Штутгарт во рамките на 16-тото коло од најсилната германска лига.
Ќе беше вистинско чудо ако Левандовски не беше дел од оваа голеада, а сето тоа изгледаше навистина реално до 69-тата минута, кога Пољакот за првпат, а само неколку мигови подоцна и по вторпат стрелаше во мрежата на домаќиниот.
Сепак, „главна“ ѕвезда на денешната средба беше Серж Гнабри, кој најпрвин даде гол во 40-тата и 53-тата, а во 47-мата минута го постигна својот хет-трик.
Но, интересно е што токму Гнабри беше асистент на двата погодоци на Лева и практично беше вклучен во сите најинтересни моменти од оваа средба.
Со новите три бода, Баерн сега има 40 и е на плус девет од второпласираната Борусија Дортмунд, која има и натпревар помалку.
Bayern Munich’s 5 goals vs. Stuttgart today:
⚽️ Serge Gnabry goal
⚽️ Serge Gnabry goal
🅰️ Serge Gnabry assist
🅰️ Serge Gnabry assist
⚽️ Serge Gnabry goalRidiculous. 🇩🇪 pic.twitter.com/GclUVxzxPn
— Statman Dave (@StatmanDave) December 14, 2021