Реј Ален и Реџи Милер му се поклонија на новиот крал на тројките во НБА (Видео)

Стеф Кари не ја пропушти приликата на гостувањето во Њујорк да стане најдобар тројкаш во историјата на НБА. На бекот на Голден стејт вориорс му требаа две тројки за да го надмине сега веќе стариот рекорд на Реј Ален од 2.973 тројки и тоа го направи за четири и пол минути.

Иако играше на гостински терен, 2.974-тата тројка на Кари во НБА ја крена публиката на нозе.

„Никогаш не сакав да се нарекувам најдобар шутер на сите времиња додека не го поставив овој рекорд. Сега веќе пријатно ми е да кажам да, јас сум најдобриот шутер“, изјави Кари.

Честитки за него дојдоа и од легендите Реј Ален и Реџи Милер, кои се на второто и третото место на вечната листа на кошаркари со најмногу погодени тројки во НБА.

Ова е историската тројка на Кари:

- Оглас -

Најнови вести