Прекрасниот мобилен телефон „ајфон 12“ е на дофат на учесниците во четвртата сезона на Спортска прогноза и неколкупати прогнозерите беа многу блиску да го освојат, па сега имаа нова шанса за прекрасен подарок пред новогодишните празници.
Од вчера во тек за прогнозирање е 18-тото коло со уште една интересна Тринаесетка, овојпат специјална и предновогодишна со 12 пара од Топ-5 лигите и најинтересниот дуел викендов, дербито во Холандија меѓу Феенорд и Ајакс на „Де Кајп“.
Ривалитетот на двата клуба од Ротердам и Амстердам е огромен и тоа е едно од најзначајните дербија во Европа. Ќе се игра во недела од 14.30 часот и е на менито на Тринаесетката за 18-тата рунда на Спортска прогноза во организација на Спорт Манија и Sport Life.
Има уште многу исклучително интересни натпревари, сите се фудбалски, што е стандардно за Спортска прогноза, игра што е бесплатна и многу забавна.
Наградата за секое коло е „ајфон12“ за прогнозерите што точно ќе ги погодат сите 13 пара, а Sport Life ги наградува и утките.
За 12 погодени двојки, односно со еден промашен пар се добива ваучер од 1.000 денари, а со прецизно типувани 11 двојки или со две утки, ви следува ваучер од 500 денари.
Играта е бесплатна и има само еден услов за учество, а тоа е да имате СЛ картичка. И таа е бесплатна и може во брз рок да се добие на сите обложувачки места на Sport Life.
Не се двоумете, играјте го секое коло на Спортска прогноза за вредни награди, а за да се приклучите со свои прогнози во 18-тото коло, имате време до сабота, до 15.30 часот.