Пелистерци ги послушаа Чкембарите, не се предадоа и кога беа во мат позиција (Видео)

Пелистер имаше повеќе среќа од Вардар во пенал-серијата што им донесе на битолчани многу радост и пласман во полуфиналето на Македонскиот куп.

Играчите во зелено-бели дресови како да ја прочитаа пораката на своите навивачи Чкембари, кои побараа Пелистер да не се предава и успеаја да се извлечат од мат позиција.

Домаќините го утнаа првиот удар од белата точка во пенал-серијата, па Вардар со два погодени пенали поведе со 2:1 и потоа се случи комплетен пресврт.

Гостите од Скопје промашуваа во продолжение, и тоа трипати по ред, а извонредно бранеше Филип Трајчевски.

Голманот на битолчани е најзаслужен за големата победа на Пелистер и за пласманот во полуфиналето. Тој ги одбрани лошите три удари по ред на Вардарци и е јунак на натпреварот.

Пелистер заедно се Македонија Ѓ.П, Струга и Силекс ќе ја чека ждрепката за полуфиналето во обид по шести пат да игра финале и евентуално да го освои третиот пехар во куп-натпреварите.

Видео: Димитар Петковски

 

- Оглас -

Најнови вести