Стеф Кари стана најдобриот тројкаш на сите времиња во НБА-лигата.
Играчот на Голден стејт го надмина легендарниот Реј Ален и го потврди тоа што сите го мислеа многу одамна.
Кари многупати во минатото изјави дека Дражен Петровиќ бил еден од играчите којшто ги инспирирал и идолите, поради што ја засакал кошарката.
Тој пред неколку години ѝ испрати дрес на мајката на Дражен, Бисерка, специјално за музејот кој се наоѓа во Загреб.
Кари за првпат ги виде мајсториите на кошаркарскиот Моцарт на Олстар-натпреварот за три поени во Орландо, 1992 година, кога беше донесен од својот татко Дел Кари.
Стеф израсна во кошаркар од најдобар калибар, а оваа фотографија покажува како се воодушевува од Петровиќ додека Шутира.