Џенова и Лацио ќе прават голеада, останува да се види дали и Гоче ќе биде дел од неа

3001 Лацио – Џенова (Серија А Италија, 18:30 часот)

Кога играат овие две екипи, заборавете на досаден фудбал.

Речиси на секој натпревар Лацио и Џенова редовно си ги тресат мрежите, а особено тоа важи за вечерашниот домаќин.

Кога се игра на Олимпико, на последните шест средби Лацијалите имаат дадено 20 погодоци, во просек малку повеќе од три по меч.

И Џенова погодува, па така на исто толку средби само еднаш нема дадено гол, а се надеваме дека и вечерва ќе гледаме спектакл во кој ќе биде и Горан Пандев.

А зошто да не и токму тој да постигне погодок.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.35)

 

1301 Селта Виго – Еспањол (Ла Лига Шпанија, 21:00 часот)

На прв поглед би типувале победа на домаќините, но тие вечерва ќе настапат без најдобриот играч и воедно капитен, Јаго Аспас.

Од друга страна, пак, ни Еспањол не е тим за потценување бидејќи е на деветтото место и има само еден бод помалку од Барселона.

Ќе ја следиме традицијата меѓу овие две екипи, а таа вели дека сите последни четири средби завршувале најмалку со по еден погодок во мрежата.

За тие што сакаат да играат на поголеми квоти вреди да пробаат и ГГ3+, а ние ќе ја играме посигурната варијанта.

Предлог тип: ГГ (1.91)

 

3002 Салернитана – Интер (Серија А Италија, 20:45 часот)

Лидерот и актуелниот првак во Серија А навистина игра одлично и во оваа сезона.

Од друга страна, пак, Салернитана е на дното и ѝ се наѕира тешка, речиси невозможна битка за опстанок.

Сè освен огромна победа на Интер ќе биде сензација, а Един Џеко, Лаутаро Мартинез и дружината ќе прикажат зошто и во оваа сезона се најголеми кандидати за Скудетото.

Предлог тип: 2 & 4+ (2.45)

 

1801 Баерн Минхен – Волфсбург (Бундеслига Германија, 20:30 часот)

Формата на двата тима е сосема дијаметрална.

Додека Баерн Минхен „гази“ сè пред себе во Бундеслигата и во Лигата на шампионите, нивниот опонент реди само порази.

Само пред два месеци, Волфсбург беше на врвот на талбелата во Германија, а имаше и речиси загарантиран пласман во осминафиналето од ЛШ.

Успеа сето тоа да го „прокоцка“ и сега е во серија од пет последователни средби.

За Баерн и нема што да се говори освен тоа дека на оваа средба ќе биде без Џошуа Кимих, Леон Горецка и Кингсли Коман, но тие и така веќе подолг период се „во аут“.

Предлог тип: Т1 3+ (1.66)

 

3102 Мамелоди сандаунс – Орландо пајрaтс (Премиер лига Јужна Африка, 18:30 часот)

Дуел на можеби и двата најдобри тимови од Јужноафриканската Република.

Мамелоди е шампион и е на добар пат да ја одбрани титулата, додека гостите ќе мора да најдат начин за да направат своевидно изненадување.

Мамелоди на своето конто има дури 40 бода, односно 15 повеќе од второпласираниот Кајзер и шеснаесет од денешниот ривал.

Сите овие податоци покажуваат победа на домаќините, а и само шесте примени гола на 16 средби кажуваат каква гранитна одбрана имаат.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.24)

- Оглас -

Најнови вести