Никој не знае како ќе изгледа тоа, но сите се радуваат: од 2024 во Лигата на нации ќе играат и Јужноамериканците!

Македонската фудбалска репрезентација би можела за првпат да има официјални пресметки против некоја селекција од Јужна Америка.

Полската легенда Збигњев Бониек е потпретседател на УЕФА, изјави дека од 2024 година, репрезентации од КОНМЕБОЛ, ќе им се придружат на европските национални тимови во Лигата на нации.

„Ова ќе биде последна Лига на нации во сегашниот формат. Од 2024, се приклучува КОНМЕБОЛ. Не знам каков ќе биде форматот, уште се работи на тоа, но Лигата на нации ќе добие на значај“ – изјави Бониек.

Ако стане реалност, УЕФА и КОНМЕБОЛ јасно ќе се покажат дека се спротивставуваат на идејата за Светско првенство на секои две години. Годинава за првпат ќе се игра таканареченото „финалисимо“, во кое ќе играат првакот на Европа (Италија) и Јужна Америка (Аргентина).

Неофицијално, во Лигата А од Лигата на нации ќе играат шест тима од Јужна Америка, меѓу нив и поранешните светски прваци Бразил, Аргентина и Уругвај, плус Колумбија, Чиле и Пери. Во Лига Б, би биле Боливија, Еквадор, Парагвај и Венецуела. Се очекува сите мечеви до 2028 година да се играат во Европа.

- Оглас -

Најнови вести