Денеска до 15.30 часот треба да се одигра специјалното коло на Спортска прогноза и резервните парови се во игра за „ајфон12“

Денеска до 15.30 часот тече рокот за учество во последното коло на Спортска прогноза за 2021 година, а случајно оваа рунда испадна да биде раритет и да важат и двата резервни пара во трката за „ајфон 12“.

Поради одложените дуели во Премиерлигата меѓу Саутемптон и Брентфорд и Ватфорд и Кристал Палас кои не се играат поради Ковид-19, во игра влегуваат резервите.

Тоа значи дека за да се погоди прецизно Тринаесетката во 18. коло ќе биде потребно да се погодат и дуелите меѓу Ајнтрахт и Мајнц и Атлетик Билбао против Бетис за да се освои „ајфонот“.

Во фокусот е големото холандско дерби меѓу Феенорд и Ајакс на „Де Кајп“ и интересно е штом токму самом тој меч не е од Топ-5 лигите во Европа, а е на менито во оваа рунда на Спортска прогноза.

Играта што веќе четврта сезона ја организираат Спорт Манија и Sport Life е бесплатна и со многу награди и само со еден услов. Тоа е да имате СЛ картичка за да бидете учесници, заедно со бројната армија која е се поголема во забавната игра.

И СЛ картичката е бесплатна и може лесно да се добие во брз рок на сите уплатни места на Sport Life.

Време за да се приклучите има уште доволно, последниот рок е 15.30 часот, а не пропуштајте ја шансата да освоите прекрасен мобилен телефон како подарок за новогодишните празници.

 

- Оглас -

Најнови вести